Новиот „.мк“ домен по стари цени

Bez autora
Feb 17 2011

Македонската научноистражувачка мрежа „Марнет“ од вчера повторно врши регистрација на интернет-адреси со врвниот македонски домен „.мк“. Според најавите на директорот на новата институција „Марнет“, Сашо Димитријовски, кој работи под капата на МИОА, регистрацијата на новите интернет-страници со „.мк“ доменот се врши по стариот правилник, кој беше укинат од Уставниот суд во декември минатата година. Новиот правилник треба да се донесе до крајот на месец март годинава и да помине низ јавна расправа. Цените за овие услуги, сега за сега, остануваат исти како и претходните, односно 10 евра за регистрација на домен и 5 евра за продолжување на регистрација на домен. Од МИОА информираат и дека барања за нова интернет-адреса треба да се достават на новата адреса на „Марнет“ на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин бб 1000 Скопје.

Новиот „.мк“ домен по стари цениМакедонската научноистражувачка мрежа „Марнет“ од вчера повторно врши регистрација на интернет-адреси со врвниот македонски домен „.мк“, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Според најавите на директорот на новата институција „Марнет“, Сашо Димитријовски, кој работи под капата на МИОА, регистрацијата на новите интернет-страници со „.мк“ доменот се врши по стариот правилник, кој беше укинат од Уставниот суд во декември минатата година. Новиот правилник треба да се донесе до крајот на месец март годинава и да помине низ јавна расправа. Цените за овие услуги, сега за сега, остануваат исти како и претходните, односно 10 евра за регистрација на домен и 5 евра за продолжување на регистрација на домен. Од МИОА информираат и дека барања за нова интернет-адреса треба да се достават на новата адреса на „Марнет“ на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин бб 1000 Скопје.

Директорот на „Марнет“, Сашо Димитријовски, неодамна најави дека целата постапка за регистрација на домени со донесувањето на новиот правилник ќе биде поедноставена, ќе се одвива по електронски пат и ќе трае пократко.

Од почетокот на годината не постоеше можност да се регистрираат нови домашни интернет-адреси бидејќи Министерството за информатичко општество и администрација доцнеше со примената на Законот за основање на академската истражувачка мрежа, а Уставниот суд претходно го укина стариот Правилник со кој се уредуваше проблематиката.

Објаснувањето на Судот за одлуката да го укине Правилникот беше дека ваквата материја, која влегува во правата и обврските на граѓаните, мора да биде уредена со закон, а не со подзаконски акт. Додека траеше застојот, од Универзитетскиот компјутерски центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој претходно управуваше со „Марнет“, дозволија сите веќе постојни домашни интернет-адреси да се пререгистрираат по автоматизам додека не профункционира новата институција.

Собранието уште во септември минатата година го изгласа новиот Закон за „Марнет“, но проблемот беше во неговата примена во практика. Имено, Министерството за информатичко општество и администрација доцнеше со основањето на новата јавна установа.

Според првичните планови на Министерството, „Марнет“ требаше од почетокот на јануари да почне да функционира како јавна институција што ќе го либерализира „.мк“ доменот, односно ќе овозможи конкуренција меѓу повеќе компании што ќе ја вршат неговата регистрација. Но, Управниот одбор на новата „Марнет“ беше избран на конститутивна седница одржана дури кон средината на јануари годинава. За претседател на Одборот беше избрана Маргарита Кон-Поповска, а за негови членови Ивица Дојчиновски, Абер Челику, Горан Боневски, Пеце Митревски и Владо Гичев. Веднаш потоа беше објавен оглас за избор на директор на „Марнет“, на кој се пријави само еден кандидат.

Во моментов во Македонија има регистрирано околу 18.000 интернет-страници со доменот „.мк“, кои досега не можеа да се менуваат, а не можеа ниту да се регистрираат нови, иако бизнис-заедницата го бараше тоа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik